НОВОСТИ

Slow Food-Училишни градини

На 17.09. во просториите на ООУ Наум Охридски, Булачани, се одржа работилница во рамките на проектот Slow Food-Училишни градини. Работилницата се одржа под водство на координаторот Снеже Ангеловска и предметните наставници по англиски јазик и ликовно образование, Мирјана Ивановска и Виолета Божиновска, а со учество и поддршка на нашите соработници од Slow Food Macedonia. Во […]

Slow Food-Училишни градини Read More »

Семинар за воведување тандем наставник по физичко

  На 16.09.2019, дел од наставниот кадар на училиштетото учествуваше на  семинарот за воведување тандем наставник по физичко и здравствено образование од 1во одделение.  Семинарот се одржа во спортската сала при факултетот за физичко образование, спорт и здравје во организација на факултетот, МОН и БРО.    

Семинар за воведување тандем наставник по физичко Read More »

Нов список со лектири во основното образование за учебната 2019/2020 година

Бирото за развој на образованието во согласност со дописот број 09-162/1 од 25.1.2019 год. доставен од Министерството за образование и наука како одговор на дописите за измена и дополнување на списокот за лектира од второ до деветто одделение од основното образование, го објавува одобрениот список за лектира за основното образование за учебната 2019/2020 година. Списокот

Нов список со лектири во основното образование за учебната 2019/2020 година Read More »

Нов почеток во ново руво!

Почитувани ученици и родители, Во пресрет на новата учебна 2019/2020 година, во централното училиште во с.Булачани и подрачнито училиште во с. Црешево, се изврши менување на таваните со гипс картон, целосно глетовање и молерисување на сите три училишни згради. Се изврши поплочување со бекатон плочки на стаза од 50м2 и на истата се поставени бетонски

Нов почеток во ново руво! Read More »

Соопштение за почеток на новата учебна година

Почитувани родители и ученици, Во прилог го претставуваме соопштението за првиот училишен ден,од новата учебна година. Среќен почеток, на една нова и поуспешна учебна година!

Соопштение за почеток на новата учебна година Read More »

Настава во природа 2019

Од 06 до 10 мај се реализираше Настава во природа со учениците од петите одделенија. Патувањето беше интересно и возбудливо за учениците низ кое се запознаа со историјата и природните убавини на нашата убава Македонија. Учениците посетија многу градови, села и околни места со кои го збогатија нивното знаење, љубов ,грижа и развој на свест

Настава во природа 2019 Read More »

Екскурзија низ источна Македонија

На 06 и 07 Мај учениците од VI одделение од нашето училиште беа на дводневна научна екскурзија низ Источна Македонија. Патувањето беше интересно и возбудливо за учениците низ која се запознаа со природните убавини на нашата Македонија. Учениците поминаа два дена со што ја покажаа својата дружељубивост, сплотеност, чуство за грижа и соработка.

Екскурзија низ источна Македонија Read More »

Велигденски базар 2019

На 24.04.2019, во нашето училиште се одржа традиционалниот Велигденски базар, на кој учениците со своите наставници ги продаваа велигденските изработки. За празничната атмосфера придонесоа и родителите кои не посетија во голем број. Благодарност до сите кои помогнаа овој настан да биде реализиран. За многу години празникот!

Велигденски базар 2019 Read More »

Помеѓу најдобрите на Oпштинскиот противпожарен литературен конкурс

Општинскиот противпожарен сојуз на Гази Баба под покровителство на општина „Гази Баба“,по 34-ти пат го организираше  Општинскиот протипожарен литературен конкурс. Нашето училиште беше претставено од ученичката Марија Трајковска од 6-а одделение која го освои третото место и се закити со диплома,пофалница и плакета. Честитки за нашата ученичка и менторот наставничката Златка Панчевска.      

Помеѓу најдобрите на Oпштинскиот противпожарен литературен конкурс Read More »

Трето наградени за најбезбедно и најчисто училиште во Македонија

Комисијата составена од претставници од МОН, Бирото за развој на образованието, Центарот за средно образование и обука и Министерството за внатрешни работи, по разгледувањето на пристигнатите апликации и извршениот увид во самите училишта, ги избраа и добитниците. Средното училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка и Основното „Дане Крапчев“ се прогласени за најбезбедни и најчисти училишта

Трето наградени за најбезбедно и најчисто училиште во Македонија Read More »

Translate »