Нов список со лектири во основното образование за учебната 2019/2020 година

Бирото за развој на образованието во согласност со дописот број 09-162/1 од 25.1.2019 год. доставен од Министерството за образование и наука како одговор на дописите за измена и дополнување на списокот за лектира од второ до деветто одделение од основното образование, го објавува одобрениот список за лектира за основното образование за учебната 2019/2020 година.

Списокот содржи листи за задолжителна и изборна лектира за секое одделение од второ до деветто и тоа за: македонски јазик, албански јазик, турски јазик и српски јазик. Списоците беа предмет на јавна расправа и отворени за предлози. Предлозите беа земени предвид и внесени според критериуми за избор на лектира во основното образование изработени во Бирото за развој на образованието.

Преземено од www.bro.gov.mk

Список со лектири од второ до деветто одделение