Нов почеток во ново руво!

Почитувани ученици и родители,

69573735_353391585537870_747708051946995712_n (1)Во пресрет на новата учебна 2019/2020 година, во централното училиште во с.Булачани и подрачнито училиште во с. Црешево, се изврши менување на таваните со гипс картон, целосно глетовање и молерисување на сите три училишни згради. Се изврши поплочување со бекатон плочки на стаза од 50м2 и на истата се поставени бетонски жардињери за разубавување на училишниот двор во училиштето во с. Булачани. Беа заменети сите штекери и прекинувачи, беа поставени нови паноа за истакнување на ученички иницијативи и за претставување тековни проекти и активности, огласна табла за кодекси, начела и правила на однесување. Училиштата се комплетно уредени и подготвени за стартување во новата учебна година.

ООУ „Наум Охридски“ им посакува успешен почеток на новата учебната година на сите ученици и наставници.

 

69573735_353391585537870_747708051946995712_n (1)

69906354_3001694209900619_1195381568474972160_n 69603347_2430002517095336_6964055089803689984_n 69463498_759606844469048_7994211426770092032_n

69672044_1118216095047739_6909377561965363200_n 69564447_583365312067815_7870997997687930880_n

 

69263034_480841796069089_4763205300624818176_n 69982831_472351719981201_2535430735129477120_n

69573735_353391585537870_747708051946995712_n