Настава во природа 2019

Од 06 до 10 мај се реализираше Настава во природа со учениците од петите одделенија. Патувањето беше интересно и возбудливо за учениците низ кое се запознаа со историјата и природните убавини на нашата убава Македонија. Учениците посетија многу градови, села и околни места со кои го збогатија нивното знаење, љубов ,грижа и развој на свест за заштита на истите. Наставата се изведуваше непречено секојдневно со голема инспирација од виденото, а истовремено се здобивме со уште едно ново пријателско дружење со учениците од ООУ ,, Крсте Мисирков,, и ООУ,, Крум Тошев,, преку што нашите ученици ја докажаа својата дружељубивост, сплотеност, чувство за грижа,соработка,размена на идеи и мисли.59893434_2727038490645205_2130264698908573696_n59906150_2727038123978575_6133274695245496320_n60154222_2727038247311896_1304710678254190592_n59849233_2727038420645212_8726700644355801088_n60179892_2727038670645187_3607958152831565824_n