Трето наградени за најбезбедно и најчисто училиште во Македонија

Комисијата составена од претставници од МОН, Бирото за развој на образованието, Центарот за средно образование и обука и Министерството за внатрешни работи, по разгледувањето на пристигнатите апликации и извршениот увид во самите училишта, ги избраа и добитниците.

Средното училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка и Основното „Дане Крапчев“ се прогласени за најбезбедни и најчисти училишта во учебната 2017/2018 година.

Второ место освои гимназијата „Панче Арсовски“, а трето „Владо Тасевски“, и двете од Скопје. Второнаградено основно училиште е „Кочо Рацин“ од Општина Петровец, а трето – „Наум Охридски“ од с.Булачани, Општина Гази Баба.

Честитки за ова награда која претставува еден бисер плус во низата успеси на нашето училиште!