НОВОСТИ

Ученички парламент 2019

На 04.10.2019, се одржа првата конститутивна седница на Ученичкиот парламент предводена од Директорот на училиштето. На седницата,претседателите на паралелките беа запознаени со работата на Ученичкиот парламент и нивната улога како дел од истиот. Како претседател на Ученичкиот парламент беше избран Валентино Ицковски,а заменик-претседател ќе биде Зорица Ѓорѓиевска. Останатите членови се Дарко Стоилески, Матеј Стојковски и …

Ученички парламент 2019 Read More »

Во рамки на проектот ,,Градиме иднина”, на 05.10.2019 година се одржа забавно-рекреативен настан за учениците од основните училишта во Градскиот парк кај Школка, на кој тие имаа можност заеднички да се дружат, играат и забавуваат преку разни интерактивни активности, игри и песни. Учениците од нашето училиште присуствуваа на настанот кој беше во организација на ОБСЕ. …

Read More »

Европски ден на јазиците 2019

Денес, на 26 септември, во духот на Европскиот ден на јазиците,учениците од нашето училиште имаа шанса да се запознаат со јазикот и културата на некои европски држави. Акцентот секако беше ставен на јазиците кои се изучуваат во училиштето,односно македонски,англиски и француски јазик. Овој ден го одбележуваат над 800 милиони Европјани во 47 различни држави,меѓу кои …

Европски ден на јазиците 2019 Read More »

Правописни правила на скалила!

Новиот изглед на нашите училишни згради е збогатен со еден убав,но и едукативен детал,правописни правила испишани на скалилата. Сега нашите ученици може да учат и надвор од училниците. Ова е само еден додаток на креативноста на учениците и наставниците во нашето училиште кои постојано се грижат и ги збогатуваат училишните ходници со креативни изработки.  

Дефиле со велосипеди

По повод одбележување на “Европската недела на мобилност 16 – 22 септември” и во пресрет на 22- септември Светскиот ден без автомобили, ООУ „Наум Охридски“ го организираше традиционалното Дефиле со велосипеди. Во овој едночасовен хепенинг учениците и наставниците уживаа во прекрасното есенско време, а воедно се промовира развивање на еколошката свест на учениците и вклучување …

Дефиле со велосипеди Read More »

Slow Food-Училишни градини

На 17.09. во просториите на ООУ Наум Охридски, Булачани, се одржа работилница во рамките на проектот Slow Food-Училишни градини. Работилницата се одржа под водство на координаторот Снеже Ангеловска и предметните наставници по англиски јазик и ликовно образование, Мирјана Ивановска и Виолета Божиновска, а со учество и поддршка на нашите соработници од Slow Food Macedonia. Во …

Slow Food-Училишни градини Read More »

Семинар за воведување тандем наставник по физичко

  На 16.09.2019, дел од наставниот кадар на училиштетото учествуваше на  семинарот за воведување тандем наставник по физичко и здравствено образование од 1во одделение.  Семинарот се одржа во спортската сала при факултетот за физичко образование, спорт и здравје во организација на факултетот, МОН и БРО.    

Нов список со лектири во основното образование за учебната 2019/2020 година

Бирото за развој на образованието во согласност со дописот број 09-162/1 од 25.1.2019 год. доставен од Министерството за образование и наука како одговор на дописите за измена и дополнување на списокот за лектира од второ до деветто одделение од основното образование, го објавува одобрениот список за лектира за основното образование за учебната 2019/2020 година. Списокот …

Нов список со лектири во основното образование за учебната 2019/2020 година Read More »

Нов почеток во ново руво!

Почитувани ученици и родители, Во пресрет на новата учебна 2019/2020 година, во централното училиште во с.Булачани и подрачнито училиште во с. Црешево, се изврши менување на таваните со гипс картон, целосно глетовање и молерисување на сите три училишни згради. Се изврши поплочување со бекатон плочки на стаза од 50м2 и на истата се поставени бетонски …

Нов почеток во ново руво! Read More »

Соопштение за почеток на новата учебна година

Почитувани родители и ученици, Во прилог го претставуваме соопштението за првиот училишен ден,од новата учебна година. Среќен почеток, на една нова и поуспешна учебна година!