Европски ден на јазиците 2019

Денес, на 26 септември, во духот на Европскиот ден на јазиците,учениците од нашето училиште имаа шанса да се запознаат со јазикот и културата на некои европски држави. Акцентот секако беше ставен на јазиците кои се изучуваат во училиштето,односно македонски,англиски и француски јазик.

Овој ден го одбележуваат над 800 милиони Европјани во 47 различни држави,меѓу кои и нашата. Целта на овој ден е да се поттикне интеркултурната размена,изучувањето на јазиците и воедно да се промовира сопствената култура и да се запознаат другите култури.

viber_image_2019-09-26_18-01-12 viber_image_2019-09-26_18-01-15 viber_image_2019-09-26_18-48-52viber_image_2019-09-26_18-48-54