АКТИВНОСТИ

Презентација од ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”

Благодарение на Фолклорниот ансамбл „ Седенка “, на 13.12.2018 , нашето училиште го посетија  учениците и дел од стручниот кадар од ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј” од насоката за Традиционална музика и игра, кои одржаа презентација преку која одблиску ги запознаа учениците со активностите кои ги имаат учениците од образовниот профил: “Традициски играч- пејач”. На истата …

Презентација од ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј” Read More »

Посета на Илузиум- Музеј на илузии

На 11.12.2018 , учениците од нашето училиште,заедно со своите наставнички се впуштија во една несекојдневна,необична авантура на илузии во еден многу поинаков музеј од останатите кои ги имаат посетено . Илузиум – е името на чудесниот музеј  кој ги воодушеви нашите ученици со  илузии,фотографии, мозочни сложувалки. Погледнете ги фотографиите од нашите ученици во Мини светот Лилипут, во Извртената соба и Собата …

Посета на Илузиум- Музеј на илузии Read More »

Гостување во ЅВОН

На ден 23 11.2018 година (петок) ООУ „Наум Охридски“го реализира своето медиумско претставување во рамките на единствената контактно училишна програма „ЅВОН“. Целта на гостувањето беше да се претстави училиштето со сите активности, проекти што се реализираат од страна на учениците, наставниците, вработените, родителите и други соработници. Во емисијата учениците настапија со ритмички точки, драматизации, рецитации, мали …

Гостување во ЅВОН Read More »

Доделување на второто ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ на Еко самитот

На 16.11.2018 година,во организација на ОХО се одржа 9-иот ЕКО САМИТ на кој се додели интернационалното признание,ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ за еко-училиштата и еко-градинките.Нашето училиште по втор пат се здоби со ова престижно признание со што се потврдија долгогодишните заложби на вработените на училиштето во подигнување на еколошката свест кај учениците и за градење на вистински еколошки …

Доделување на второто ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ на Еко самитот Read More »

Второ зелено знаме за нашето еко-училиште

По објавениот Конкурс за наградување на градинки, основни и средни учлилишта вклучени во првата, втората и третата година од имплементацијата на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, нашето училиште по втор пат се закити со највисокиот статус – Зелено знаме. Зеленото знаме е потврда дека се исполнуваат сите предвидените критериуми и услови …

Второ зелено знаме за нашето еко-училиште Read More »

Турнир во одбојка за вработените во училиштата

По повод 3-ти Ноември, Денот на општината Гази Баба, во спортската сала на ООУ ,,Крум Тошев” се одржа турнир во одбојка помеѓу вработените од основните и средните училишта од општината. Нашето училиште освои  3-то место. Честитки за посветеноста и спортскиот дух на сите учесници и уште поголем успех следната година!

Градиме заедничка иднина- завршна манифестација

На 03.11.2018,денот на Општината Гази Баба,  се одржа завршната манифестација за проектот Градиме заедничка иднина. Повеќе од 400 ученици и околу 100 наставници од 11 основни училишта,  ги презентираат своите заеднички изработки во духот на соживот,толеранција и мултикултура. Проектот Градиме заедничка иднина беше  всушност проект за меѓуетничка интеграција реализиран на територијата на Гази Баба,кој имаше за цел …

Градиме заедничка иднина- завршна манифестација Read More »

Стипендии за талентирани ученици и талентирани спортисти

По повод Денот на општината 3-ти Ноември, Советот на општина Гази Баба одржа свечена седница на која беа доделени стипендии на талентирани ученици и талентрани спортисти, како и наградите за најдобрите творби и цртежи. Од нашето училиште награди добија учениците : Јане Стојковски ученик од VIIб стипендија за талетиран ученик и Елеонора Митковка ученик од IXб одделение …

Стипендии за талентирани ученици и талентирани спортисти Read More »

Книжевна манифестација „Есен во Гази Баба“

На 31.10.2018, во ООУ „Григор Прличев“ се одржа Книжевна манифестација „Есен во Гази Баба“. Беше распишан Литературен конкурс: „Есеј во есен“ Од нашето училиште беа пратени есеи од нашите ученици. Жирито, по разгледувањето на пристигнатите творби, заклучи дека квалитетот на есеите, не само што ги задоволува критериумите, туку и ги надминува очекувањата. Оттука, издржаноста на пристигнатите …

Книжевна манифестација „Есен во Гази Баба“ Read More »