Гостување во ЅВОН

На ден 23 11.2018 година (петок) ООУ „Наум Охридски“го реализира своето медиумско претставување во рамките на единствената контактно училишна програма „ЅВОН“.

46708202_2330813893865069_9165138804376338432_n

Целта на гостувањето беше да се претстави училиштето со сите активности, проекти што се реализираат од страна на учениците, наставниците, вработените, родителите и други соработници. Во емисијата учениците настапија со ритмички точки, драматизации, рецитации, мали креативци – ликовни уметници. Имавме деца таленти кои покажаа колку се добри во карате и колку добро умеат да  свират на кавал. Меѓу другото нашите ученици покажаа и колку се добри  во свирење на флејта и пеење. Во волшебните работилници се работеше на тема ,,Есен,, и овде малите детски раце ги покажаа своите креативни способности. Нашето училиште учествуваше во проектот „Градиме заедничка иднина“ кој е пример за меѓуетничка интеграција од кој треба сите да учиме и овде ги покажаа  своите необични  креации.

Учениците беа прекрасни во сите изведби и го претставија училиштето во најдобро издание. Голема благодарност до сите кои дадоа придонес за реализација на ова гостување.

46741581_2125634670987579_6541419991365844992_n  46781463_445295872668020_2860624733701931008_n 46831314_551205488676215_2234480431078572032_n 46881002_2217665995143837_657438795846647808_n 47010293_214910176077177_4513025972483653632_n 47065009_1900204393361799_8003754337295663104_n