Презентација од ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”

Благодарение на Фолклорниот ансамбл „ Седенка “, на 13.12.2018 , нашето училиште го посетија  учениците и дел од стручниот кадар од ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј” од насоката за Традиционална музика и игра, кои одржаа презентација преку која одблиску ги запознаа учениците со активностите кои ги имаат учениците од образовниот профил: “Традициски играч- пејач”.

На истата беа презентирани практични играорни вежби, вежби за распејување, слушнавме изворно пеење, научивме повеќе за инструментите и заедно го одигравме орото “Копачка”.

Голема  благодарност до ФА „Седенка “ , проф. Гордана Тасева, проф. Благица Илиќ, и Ленче Димовска заедно со нивните ученици кои ја овозможија оваа презентација.

 

48085686_2647579055467872_3340551985744052224_o48272972_2647578608801250_4848518310494470144_o48329444_2647578808801230_1991142637947584512_o (1)48268924_2647578448801266_2962768328835203072_o48360838_2647579322134512_5755217629308518400_o48392680_2647579422134502_7504567214947696640_o