Книжевна манифестација „Есен во Гази Баба“

На 31.10.2018, во ООУ „Григор Прличев“ се одржа Книжевна манифестација „Есен во Гази Баба“. Беше распишан Литературен конкурс: „Есеј во есен“ Од нашето училиште беа пратени есеи од нашите ученици. Жирито, по разгледувањето на пристигнатите творби, заклучи дека квалитетот на есеите, не само што ги задоволува критериумите, туку и ги надминува очекувањата. Оттука, издржаноста на пристигнатите творби може само да нѐ радува што во единаесетте основни училишта, колку што ги има во Општина Гази Баба, има талентирани млади творци. Од нашето училиште беше наградена ученичката Ангела Стојковска ученичка од 9-a ментор: Златка Панчевска Најискрени честитки !

45145409_247959015872973_6419949249559003136_n45060106_117422675809653_992452867774218240_n45162045_200845980837351_3239069179919204352_n