АКТИВНОСТИ

Прием на првачињата во Детската организација

На 10.10.2019 година, првачињата од нашето училиште со свечено ветување и пристапија на Детската организација. По тој повод се одржа свечена приредба од повозрасните ученици. Многу успех им посакуваме на нашите првачиња.

Прием на првачињата во Детската организација Read More »

Еднодневен есенски излет во месноста Кучково

Денешниот убав есенски ден, 14.10.2019, го искористивме за еднодневниот есенски излет. Учениците и вработените уживаа во природата во скопско Кучково. Денот беше исполнет со спортско-рекреативни активности, групни прошетки во природата. Го посетивме и манастирот св. Ѓоргија, кој датира од 14от век.  

Еднодневен есенски излет во месноста Кучково Read More »

Училишен проект „ENBIOMATH”

Привршуваат активностите од модулот “Математика” на училишниот проект со работен наслов „ENBIOMATH”. Овој проект замислен како квиз натпревар во три предметни области е активност во рамки на програмата “Училишта на 21-от век” во која е вклучено нашето училиште. Истиот се темели на потребата кај учениците да се подигне самодовербата и мотивацијата за самостојно и колаборативно

Училишен проект „ENBIOMATH” Read More »

Ученички парламент 2019

На 04.10.2019, се одржа првата конститутивна седница на Ученичкиот парламент предводена од Директорот на училиштето. На седницата,претседателите на паралелките беа запознаени со работата на Ученичкиот парламент и нивната улога како дел од истиот. Како претседател на Ученичкиот парламент беше избран Валентино Ицковски,а заменик-претседател ќе биде Зорица Ѓорѓиевска. Останатите членови се Дарко Стоилески, Матеј Стојковски и

Ученички парламент 2019 Read More »

Во рамки на проектот ,,Градиме иднина”, на 05.10.2019 година се одржа забавно-рекреативен настан за учениците од основните училишта во Градскиот парк кај Школка, на кој тие имаа можност заеднички да се дружат, играат и забавуваат преку разни интерактивни активности, игри и песни. Учениците од нашето училиште присуствуваа на настанот кој беше во организација на ОБСЕ.

Read More »

Европски ден на јазиците 2019

Денес, на 26 септември, во духот на Европскиот ден на јазиците,учениците од нашето училиште имаа шанса да се запознаат со јазикот и културата на некои европски држави. Акцентот секако беше ставен на јазиците кои се изучуваат во училиштето,односно македонски,англиски и француски јазик. Овој ден го одбележуваат над 800 милиони Европјани во 47 различни држави,меѓу кои

Европски ден на јазиците 2019 Read More »

Правописни правила на скалила!

Новиот изглед на нашите училишни згради е збогатен со еден убав,но и едукативен детал,правописни правила испишани на скалилата. Сега нашите ученици може да учат и надвор од училниците. Ова е само еден додаток на креативноста на учениците и наставниците во нашето училиште кои постојано се грижат и ги збогатуваат училишните ходници со креативни изработки.  

Правописни правила на скалила! Read More »

Дефиле со велосипеди

По повод одбележување на “Европската недела на мобилност 16 – 22 септември” и во пресрет на 22- септември Светскиот ден без автомобили, ООУ „Наум Охридски“ го организираше традиционалното Дефиле со велосипеди. Во овој едночасовен хепенинг учениците и наставниците уживаа во прекрасното есенско време, а воедно се промовира развивање на еколошката свест на учениците и вклучување

Дефиле со велосипеди Read More »

Slow Food-Училишни градини

На 17.09. во просториите на ООУ Наум Охридски, Булачани, се одржа работилница во рамките на проектот Slow Food-Училишни градини. Работилницата се одржа под водство на координаторот Снеже Ангеловска и предметните наставници по англиски јазик и ликовно образование, Мирјана Ивановска и Виолета Божиновска, а со учество и поддршка на нашите соработници од Slow Food Macedonia. Во

Slow Food-Училишни градини Read More »

Семинар за воведување тандем наставник по физичко

  На 16.09.2019, дел од наставниот кадар на училиштетото учествуваше на  семинарот за воведување тандем наставник по физичко и здравствено образование од 1во одделение.  Семинарот се одржа во спортската сала при факултетот за физичко образование, спорт и здравје во организација на факултетот, МОН и БРО.    

Семинар за воведување тандем наставник по физичко Read More »

Translate »