НОВОСТИ

Второ зелено знаме за нашето еко-училиште

По објавениот Конкурс за наградување на градинки, основни и средни учлилишта вклучени во првата, втората и третата година од имплементацијата на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, нашето училиште по втор пат се закити со највисокиот статус – Зелено знаме. Зеленото знаме е потврда дека се исполнуваат сите предвидените критериуми и услови …

Второ зелено знаме за нашето еко-училиште Read More »

Турнир во одбојка за вработените во училиштата

По повод 3-ти Ноември, Денот на општината Гази Баба, во спортската сала на ООУ ,,Крум Тошев” се одржа турнир во одбојка помеѓу вработените од основните и средните училишта од општината. Нашето училиште освои  3-то место. Честитки за посветеноста и спортскиот дух на сите учесници и уште поголем успех следната година!

Градиме заедничка иднина- завршна манифестација

На 03.11.2018,денот на Општината Гази Баба,  се одржа завршната манифестација за проектот Градиме заедничка иднина. Повеќе од 400 ученици и околу 100 наставници од 11 основни училишта,  ги презентираат своите заеднички изработки во духот на соживот,толеранција и мултикултура. Проектот Градиме заедничка иднина беше  всушност проект за меѓуетничка интеграција реализиран на територијата на Гази Баба,кој имаше за цел …

Градиме заедничка иднина- завршна манифестација Read More »

Стипендии за талентирани ученици и талентирани спортисти

По повод Денот на општината 3-ти Ноември, Советот на општина Гази Баба одржа свечена седница на која беа доделени стипендии на талентирани ученици и талентрани спортисти, како и наградите за најдобрите творби и цртежи. Од нашето училиште награди добија учениците : Јане Стојковски ученик од VIIб стипендија за талетиран ученик и Елеонора Митковка ученик од IXб одделение …

Стипендии за талентирани ученици и талентирани спортисти Read More »

Книжевна манифестација „Есен во Гази Баба“

На 31.10.2018, во ООУ „Григор Прличев“ се одржа Книжевна манифестација „Есен во Гази Баба“. Беше распишан Литературен конкурс: „Есеј во есен“ Од нашето училиште беа пратени есеи од нашите ученици. Жирито, по разгледувањето на пристигнатите творби, заклучи дека квалитетот на есеите, не само што ги задоволува критериумите, туку и ги надминува очекувањата. Оттука, издржаноста на пристигнатите …

Книжевна манифестација „Есен во Гази Баба“ Read More »

Прва награда на државно ниво во Атлетика

Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, во соработка со Атлетската федерација на Македонија, на 11.05.2018 во Куманово се одржа државно првенство во Атлетика за основни училишта во машка и женска конкуренција. Во учество на повеќе од 250 натпреварувачи, нашите ученици Стефан Блажевски IXб одд. и Давид Вељановски IXб одд. учествуваа во дисциплините:100 …

Прва награда на државно ниво во Атлетика Read More »

Љубовта на Матеј кон свирењето на кавал

Нашиот ученик Матеј Стојковски и наставничката по музичко образование Виолета Ѓорѓиевска беа гости на утринската програма ,,Македонија денес,, на ТВ 24. Нашиот ученик го покажа својот посебен талент кон народните изворни инструменти и покажа како уште од мали нозе треба да се нагува љубовта кон народното творештво. БРАВО Матеј !!!

Еднодневна екскурзија со учениците од трето одделение

Денес учениците од трето одделение беа на еднодневна екскурзија во Кратово. Учениците на оваа екскурзија ги посетија Куклици, Радин мост, музејот во Кратво, Добра вода, и Лесновски манастир. Учениците се вратија среќни и исполнети со импресии од прекрасно поминатиот ден.

Настава во природа

ООУ„Наум Охридски“- Булачани Општина Гази Баба, Скопје Телефон/факс: 02 / 2575-946 Време на реализација: 30.04.- 04.05.2018 год. Место: Струга – Хотел „Арбери“ Носители на активностите: учениците од V одд. одделенските наставници Каменка Игеска и Оливера Тушевска Столеска Помошен персонал: доктор, аниматор и водич Наставата ја посетуваа вкупно 17 ученици. ПРВ ДЕН Тргнување во понеделник на …

Настава во природа Read More »

Упис на првачиња

УПИС НА ПРВАЧИЊА

Почитувани родители !!! Основното училиште ,,НАУМ ОХРИДСКИ,, од 02.05.2018 до 31.05.2018 година ќе врши упис на ученици во прво одделение. По тој повод на ден 30.04.2018 година од 8:00 до 16:00 часот ги покануваме сите заинтересирани родители чии што деца ќе бидат првачиња да го посетат нашето училиште се со цел за да се запознаат со училиштето, начинот на работа и организираност, …

УПИС НА ПРВАЧИЊА Read More »