МУЛТИКУЛТУРАТА ВО МАКЕДОНИЈА НИЗ ОЧИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Нашето училиште се стреми да се доближи кон современиот европски пристап, според кој културата е поврзана со нацијата, мултикултурата и глобализацијата, реализирани преку концептот на мултукултурализам и интеркултурализам. Една од значајните цели на мултикултурното образование е да им помогне на учениците да се стекнат со знаење, ставови и вештини потребни за ефективно да функционираат во едно плуралистичко демократско општество и да стапуваат во интеракција и комуникација со луѓе од различни групи со цел да создадат граѓанско и морално општетсво кое ќе се стреми кон заедничко добро.