“САДНИЦА ПЛУС” – ОД ЖЕЛАД ДО ГОЛЕМ МАКЕДОНСКИ ДАБ

Учениците од ОУ ,,Наум Охридски,, с. Булачани- Скопје на ден 12.05.2014 година земаа учество во спроведување на акцијата ,,Садница плус,,- од желад до голем македонски даб. Желадите ги засадија учениците со цел да се развие еколошката свест за одгледување на растенија и вооедно да покажат грижа за садење на дрвца и зачувување на животната средина. Од страна на учениците садниците ќе се негуваат и на есен ќе се засадат во училишниот двор.