АПРИЛИ-ЛИ-ЛИ

Одбележување на 1 Април – Денот на шегата во ОУ„Наум Охридски“ с. Црешево. Ова беше богатата понуда на маски од кои комисијата, составена од родители, ги одбра најдобрите. Тие беа наградени со книги и заминаа на свеченото дефиле на плоштадот во Автокоманда. Многу не радува фактот што имавме голема поддршка и посетеност од страна на родителите и локалните жители и ги покануваме што почесто да се вклучуваат во активностите организирани од страна на училиштето. Срдечен поздрав до сите!