На 02.12.2022г., ( петок ) учениците од VIII и IX одд., го посетиjа Собранието на РС Македонија. Во рамките на организираната тура од страна на Парламентарниот Институт на Собранието на РС Македонија, учениците имаа можност да се запознаат со внатрешноста на законодавниот дом и најрепрезентативните простории, да научат за историјата, организацијата и функционирањето на Собранието како носител на законодавната власт.
Посетата е организирана со цел да се споделат внатрешните детали од просториите во објектот, нивното значење и да се проследи каде работат народните избраници ( пратеници ).
Одговорен наставник: Александра Величковска