Книжевна манифестација “Есен во Гази Баба”

На 2.12.2022година во просториите на ООУ “Григор Прличев” во населба Железара се одржа книжевната манифестација “Есен во Гази Баба” на која учествуваа и твореа учениците од основните општински училишта во општина Гази Баба.

На јавниот повик се пријавија 129 ученици, а 29 од нив беа наградени.

На оваа книжевна манифестација учениците имаат можност да ги истакнат своите вештини за творење.

Од нашето училиште со свои творби учествуваа 4 ученици на тема ,,Есеј во Есен,,од кои награден беше есејот на Сара Стефковска ученичка од 9а одделение под менторство на Златка Панчевска- наставник по македонски јазик.