Да бидеме подготвени
На ден 11.11.2022 година во училиштето во с.Булачани се спроведе Симулациона вежба “Евакуација на ученици, повредени, персонал, во случај на земјотрес и пожар” .
Во реализацијата на оваа активност, свој активен придонес дадоа волонтерите од Тимoт за одговор при катастрофи со два тима кои вршеа симулираа пребарување – спасување и евакуација на повредени лица.
Целта на вежбата е проверка на процедурите за евакуација во ООУ,, Наум Охридски,, како и спроведување на интерниот план за заштита и спасување од елементарна непогода.
Симулациона вежба е реализирана на барање на училиштето.
Благодарност до Црвениот крст на Град Скопје и волонтерите кои учествуваа во Симулационата вежба и придонесоа вежбата да биде успешна.


