Почитувани родители и ученици!
Со цел почитување на мерките за безбедност во условите на пандемија, ООУ „Наум Охридски“ наставата со физичко присуство на учениците во училиштето ќе ја реализира согласно овој Распоред на термини за почеток и времетраење на часовите во наставата со физичко присуство на учениците. Доколку некои од учениците, заради автобускиот превоз, се приморани порано да дојдат во училиште или треба подолго да останат во училиштето, истите ќе бидат прифатени и згрижени од наставник, согласно Протоколот за работа на училиштето во услови на Ковид 19.