Повик за литературен конкурс

Ве информираме дека Фондацијата Никола Кљусев  со поддршка од министерството за култура и оваа година го спроведува проектот Творам за Македонија, во кој директни учесници се учениците од основните и средните училишта на РМ.

Со цел да се поттикне творештвото и креативноста кај младите, проектот вклучува пишани творби (проза или поезија) на зададена тема.

Оваа година темата е “Јазикот на душата”.

Сите ученици кои сакаат да конкурираат нека ги пратат своите творби на следната e-mail адреса zlatkapanchevska@yahoo.com