Запознавање со професијата медицински референт

Во рамките на воспитно-образовниот процес кој го стекнуваат учениците првенствено од редовната настава и од кој стекнуваат вештини, знаења, умеења , одговорност и чувство на благодарност за секојдневните напори на наставниците, родителите се вклучуваат со својата професија и презентирање на истата како составен дел од стекнување чувство на почит, рабирање и стекнување знаења за различен вид професии.

Во  III б одд  с.Црешево под менторство и организација на наставничката Соња Апостоловска-Трајковска, се организираше средба на релација (родител-ученик-наставник) со  родителот Ана Маневска  по професија медицински референт вработена во фирмата ,,Медика про,,-продажба на ортопедски помагала и издавање на ортопедски помагала преку ФЗОМ на еден од часовите на кој родителката се претстави со својата професија со исцрпно излагање на сите форми, методи и средства кои таа ги користи во својата работа и со презентација на производи од истата.Учениците со големо внимание, посветеност и активност беа вклучени за време на презентацијата на која се вклучија и со практична примена на производите.

image003 image007 image011 image015 image018 image019 image021 image027