Месец на книгата 2019

Од 15 октомври до 15 ноември се одбележува месец на книгата. Во нашето
училиште овој месец се одбележа преку одредени активности.
Библиотекарката во училиштето за учениците подготви и пред сите беше
презентирана презентација на тема,, КНИГА,,
Учениците осознаа што е книга. „Книгата е врска меѓу минатото и иднината. Ја
изразуваме нашата почит кон творештвото и литературна традиција што ги постави
темелите на светската книжевност. Наша недвосмислена желба е да ја
прославуваме книгата заедно, со нашите соседи и со целото човештво, токму во
духот на мисијата што таа ја носи како градител на мостови на разбирање и дијалог
за создавање на заеднички вредности и подобра заедничка иднина.
Слушнаа дека Библиотека е збирка на  книги  и место каде што се чуваат тие. Таа
може да биде јавна, на институција или приватна. Зборот „библиотека“ се користи
и за означување на електронски збир од корисни податоци, а издавачките куќи го
користат овој збор за да означат серија од книги со иста или слична тема.

По презентацијата и отворениот разговор учениците беа сите во посета на
училишната библиотека од што беа воодушевени тие ученици кои поретко ја
посетувале. Меѓу активностите по повод Месец на книгата го издвојуваме
натпреварот за млад библиотекар каде нашата ученичка Елена Георгиевска од 9-а ќе
оди на Државен натпревар. Преку активностите се дојде до иницијатива дека книгата
и нејзините вредности и достоинства треба да најдат место и да се пренесуваат и
надвор од ѕидовите на библиотеката.Треба да се оствари навика, дисциплина и
култура кон читањето.

viber_image_2019-11-05_23-59-34 viber_image_2019-11-05_23-59-38 viber_image_2019-11-05_23-59-42 viber_image_2019-11-11_17-44-05 viber_image_2019-11-11_17-44-41