Наставниците и учениците од Нашето училиште се приклучија кон одбележувањето на ,,Најголемиот час на светот,,. Ова е пионерска иницијатива со која на децата и нивните наставници им се овозможуваат ресурси за да се запознаат и да преземат акција во врска со Целите за одржлив развој со кои се потпомага изградбата на попросперитетен, поправеден и поодржлив свет за сите. На нашите ученици им се овозможи да замислат иден свет во кој сите детски права се остварени и им е обезбедена одржлива иднина.