Информација за продолжен престој

Од понеделник 04.11.2019 година, официјално ќе започне со работа продолжен престој за учениците од I до III одделение во ПООУ „Наум Охридски” – Црешево.

Кога учениците се прва смена, продолжениот престој почнува по завршување на часовите и трае до 17:00 часот, а кога се втора смена, престојот за учениците е во периодот од 7 и 30 до 13:00 часот.