Општинскиот противпожарен сојуз на Гази Баба под покровителство на општина „Гази Баба“,по 34-ти пат го организираше Општинскиот протипожарен литературен конкурс. Нашето училиште беше претставено од ученичката Марија Трајковска од 6-а одделение која го освои третото место и се закити со диплома,пофалница и плакета.
Честитки за нашата ученичка и менторот наставничката Златка Панчевска.