Доделување на второто ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ на Еко самитот

На 16.11.2018 година,во организација на ОХО се одржа 9-иот ЕКО САМИТ на кој се додели интернационалното признание,ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ за еко-училиштата и еко-градинките.Нашето училиште по втор пат се здоби со ова престижно признание со што се потврдија долгогодишните заложби на вработените на училиштето во подигнување на еколошката свест кај учениците и за градење на вистински еколошки навики. На самитот обраќање пред присутните имаа: Пеце Талески,извршен директор,ОХО,Петар Атанасов,заменик министер во МОН,Јани Макрадули,заменик министер во МЖСПП и Филип Ивановски извршен директор ПАКОМАК. 

46416841_253146695559759_3909096997356830720_n
46308137_1951886521783026_2253831711173378048_n

46370013_2146803675536778_1700883770216808448_n46474615_307683513418948_3293170486355165184_n46352986_850375871799514_3045248262312296448_n