Author name: Naum

Дипломи и медали на најуспешните натпреварувачи од вториот круг на натпреварот КЕНГУР 2026.

Со особена гордост споделуваме дека на 05.10.2026 година се доделија дипломи и медали на најуспешните натпреварувачи од вториот круг на натпреварот КЕНГУР 2026. Честитки до сите ученици кои со своето знаење, труд и посветеност постигнаа одлични резултати и заслужено се најдоа меѓу наградените! Особено сме горди на нашите ученици и нивните ментори, кои достојно го […]

Дипломи и медали на најуспешните натпреварувачи од вториот круг на натпреварот КЕНГУР 2026. Read More »

🍫🚌 СЛАТКА АВАНТУРА ШТО СПОЈУВА! 🤝❤️

Во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието (МИО), учениците од ООУ „Наум Охридски“ и партнер-училиштето ООУ „Његош“ заедно уживаа во незаборавна едукативна посета на фабриката „Винчини“. 🍪🍰Преку интересни и креативни работилници, учениците истражуваа, учеа низ игра, создаваа слатки креации и стекнуваа нови пријателства.✨ Малку чоколадо, многу креативност и уште повеќе другарство!Оваа посета беше

🍫🚌 СЛАТКА АВАНТУРА ШТО СПОЈУВА! 🤝❤️ Read More »

Менталното здравје е важно – секој ден, за секого!

Менталното здравје е важно – секој ден, за секого! По повод Светскиот ден на менталното здравје – 10 Октомври, во нашето училиште, во текот на целиот месец октомври, се реализираат низа активности и работилници со ученици од различни одделенија, посветени на емоциите, емпатијата, емоционалната писменост и грижата за сопственото ментално здравје и менталното здравје на

Менталното здравје е важно – секој ден, за секого! Read More »

23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба!

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, учениците од Ученичкиот парламент и историската секција активно учествуваа во одбележувањето на овој ден преку подготовка и презентација на историски содржини, изработка на хамер и подготовка на реферат.Со својата иницијатива, креативност и тимска работа, учениците покажаа дека се активни творци во негувањето на историската меморија

23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба! Read More »

Едукативна посета на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија!

Учениците од VIII и IX одд. и Ученичкиот парламент реализираа едукативна посета на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија. Преку разгледување на изложбените поставки и запознавање со историските сведоштва, учениците ги продлабочија своите знаења за Холокаустот и трагичната судбина на Евреите од Македонија. Посетата придонесе за развивање на свеста за почитување на човековите

Едукативна посета на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија! Read More »

ДЕН НА ЈАБОЛКОТО

Денес ја славиме јаболката – симбол на здравјето, виталноста и здравите навики! Преку едукативни и креативни активности, ги поттикнуваме нашите ученици да се хранат здраво и да се грижат за своето здравје. Јаболко секој ден – здравје и насмевка во секој ден!

ДЕН НА ЈАБОЛКОТО Read More »

Внимание, внимание! Откриено археолошко богатство!

Нашите мали археолози од 2 одделение тргнаа во возбудлива авантура низ минатото! Со помош на стрели, кодови и многу љубопитност, тие открија скриени богатства и ги отклучија тајните на Северна Македонија! Без компјутери, но многу кодирање, забава и насмевки!

Внимание, внимание! Откриено археолошко богатство! Read More »

🍪 Слатко кодирање – од алгоритми до дропки

Во рамките на EU Code Week 2026, учениците од V одделение при ООУ „Наум Охридски“ – ПУ Црешево реализираа креативна работилница во која ги поврзаа кодирањето, математиката и практичните вештини.Следејќи алгоритам со точно определени чекори, учениците подготвија чоколадни колачиња без печење. Потоа, поделени во три групи, решаваа различни програмерски предизвици, применувајќи дропки, повторувања и последователни

🍪 Слатко кодирање – од алгоритми до дропки Read More »

Активност против дискриминацијата!

По иницијатива на Ученичкиот правобранител – Јана Трајковска и неговиот заменик – Анастасија Ничевска со учениците од VI одделение беше реализирана едукативна активност посветена на препознавањето и спречувањето на дискриминацијата. Преку разговор, размена на мислења и примери од секојдневниот живот, учениците ја истакнаа важноста на еднаквоста, почитувањето на различностите, меѓусебната толеранција и прифаќањето на секој

Активност против дискриминацијата! Read More »

НЕ ОСТАВАЈ ЃУБРЕ, ОСТАВИ ПРИМЕР!

Во рамките на големата еколошка акција во Општина Гази Баба и Град Скопје, нашите ученици преку чистење на училишниот двор и околните зелени површини, испратија силна порака за важноста на грижата за природата и создавањето здрави еколошки навики уште од најмала возраст. Со заеднички сили, ја градиме свеста за почиста, поздрава и позелена животна средина!

НЕ ОСТАВАЈ ЃУБРЕ, ОСТАВИ ПРИМЕР! Read More »

Translate »