ГАЗИ БАБА ВО БОИ – 11 УЧИЛИШТА, ЕДНА ЗАЕДНИЧКА УМЕТНИЧКА ПРИКАЗНА!

Ликовниот хепенинг обедини ученици од сите 11 основни училишта на Општина Гази Баба, кои заедно твореа во училишниот хол на ООУ „Крсте Мисирков“, по повод големиот јубилеј – 50 години од основањето на општината. 🎉

🎨 Училишниот хол пулсираше во знакот на уметноста, креативноста и заедништвото. Во прекрасна и мотивирачка атмосфера, младите уметници преку силата на боите и својата имагинација создадоа прекрасни дела инспирирани од развојот, традицијата и убавините на Гази Баба. 🖌️✨

💚 Нашето училиште со гордост го претставуваше нашата ученичка Евгенија Трифуновска, која со својата креативност, талент и уметнички дух беше дел од оваа прекрасна заедничка приказна.

👏 Честитки за Евгенија и благодарност до сите организатори за можноста нашите ученици да го покажат својот талент и да бидат дел од овој значаен јубилеј!

Уметноста нè обединува, а креативноста ги поврзува генерациите!

Translate »