На ден 06.11.2026 година, во ООУ „Наум Охридски“ – с. Булачани беше реализирана показна вежба за постапување при елементарни непогоди, организирана во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Целта на вежбата беше подигнување на свеста за значењето на навремената и правилна реакција во услови на елементарни непогоди, запознавање со мерките за заштита и самозаштита, како и практична подготовка на учениците и вработените за безбедно постапување во вонредни ситуации.
Во рамките на вежбата беа презентирани практични постапки и активности за справување со ризични ситуации, евакуација и укажување прва помош, со цел учениците и вработените да се стекнат со потребните знаења и вештини.
Вежбата беше реализирана со активно учество на учениците и вработените, а преку практичните демонстрации се истакна важноста на организираноста, одговорноста, смиреноста и меѓусебната соработка во услови на опасност.
Училиштето упатува благодарност до Црвениот крст на Република Северна Македонија за соработката и успешната реализација на оваа едукативна активност.
https://www.facebook.com/share/v/191Uwd8UzD/











