Менталното здравје е важно – секој ден, за секого! ![]()
По повод Светскиот ден на менталното здравје – 10 Октомври, во нашето училиште, во текот на целиот месец октомври, се реализираат низа активности и работилници со ученици од различни одделенија, посветени на емоциите, емпатијата, емоционалната писменост и грижата за сопственото ментално здравје и менталното здравје на другите.
Преку разговори, едукативни игри, креативни работилници и заеднички активности, учениците учат да ги препознаваат, разбираат и изразуваат своите чувства, да ги почитуваат емоциите на другите и да развиваат емпатија, меѓусебна доверба и поддршка.
Нашата цел е да создадеме училишна средина во која секое дете ќе се чувствува прифатено, разбрано, почитувано и безбедно.
Затоа што грижата за менталното здравје не е важна само еден ден во годината – таа е важна секој ден, за секого!
#СветскиДенНаМенталнотоЗдравје#МенталноЗдравје#Емпатија#ЕмоционалнаПисменост#УчилиштеСоСрце









