23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба!

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, учениците од Ученичкиот парламент и историската секција активно учествуваа во одбележувањето на овој ден преку подготовка и презентација на историски содржини, изработка на хамер и подготовка на реферат.
Со својата иницијатива, креативност и тимска работа, учениците покажаа дека се активни творци во негувањето на историската меморија и почитта кон македонското историско наследство.

https://www.facebook.com/reel/2035877453783379
Translate »