Едукативна посета на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија!

Учениците од VIII и IX одд. и Ученичкиот парламент реализираа едукативна посета на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија.

Преку разгледување на изложбените поставки и запознавање со историските сведоштва, учениците ги продлабочија своите знаења за Холокаустот и трагичната судбина на Евреите од Македонија. Посетата придонесе за развивање на свеста за почитување на човековите права, толеранцијата, еднаквоста и прифаќањето на различностите, со јасна порака дека омразата, дискриминацијата и нетолеранцијата не смеат да се повторат.

Преку образованието и сеќавањето градиме свесни, одговорни и хумани млади луѓе!

Translate »