По иницијатива на Ученичкиот правобранител – Јана Трајковска и неговиот заменик – Анастасија Ничевска со учениците од VI одделение беше реализирана едукативна активност посветена на препознавањето и спречувањето на дискриминацијата.
Преку разговор, размена на мислења и примери од секојдневниот живот, учениците ја истакнаа важноста на еднаквоста, почитувањето на различностите, меѓусебната толеранција и прифаќањето на секој ученик.
Сите сме еднакви и заслужуваме почит! Да градиме училиште во кое нема место за дискриминација, туку за разбирање, солидарност и другарство.
Браво за иницијативата и активното учество на учениците! ![]()
#СтопЗаДискриминацијата#УченичкиПравобранител#Еднаквост#ПочитувањеНаРазличностите





