Во рамките на EU Code Week 2026, учениците од V одделение при ООУ „Наум Охридски“ – ПУ Црешево реализираа креативна работилница во која ги поврзаа кодирањето, математиката и практичните вештини.
Следејќи алгоритам со точно определени чекори, учениците подготвија чоколадни колачиња без печење. Потоа, поделени во три групи, решаваа различни програмерски предизвици, применувајќи дропки, повторувања и последователни инструкции при украсувањето на колачињата.
Преку игра, практична работа и тимска соработка, учениците ги развиваа логичкото размислување, креативноста и вештините за решавање проблеми.
🍪 Нашата порака: „Кодирањето е насекаде – дури и во кујната!“
cw25-wiF9u
Соња Апостоловска Трајковска











