Активност против дискриминацијата!

По иницијатива на Ученичкиот правобранител – Јана Трајковска и неговиот заменик – Анастасија Ничевска со учениците од VI одделение беше реализирана едукативна активност посветена на препознавањето и спречувањето на дискриминацијата.

Преку разговор, размена на мислења и примери од секојдневниот живот, учениците ја истакнаа важноста на еднаквоста, почитувањето на различностите, меѓусебната толеранција и прифаќањето на секој ученик.

🤝 Сите сме еднакви и заслужуваме почит! Да градиме училиште во кое нема место за дискриминација, туку за разбирање, солидарност и другарство.

Браво за иницијативата и активното учество на учениците! ❤️

#СтопЗаДискриминацијата#УченичкиПравобранител#Еднаквост#ПочитувањеНаРазличностите

Translate »