Во рамките на одржливоста и продолжувањето на активностите од Еразмус+ проектот „Дигитален компас – со сигурни чекори“, во нашето училиште започна со работа Дигиталниот клуб, преку кој во текот на учебната година наставниците реализираат тематски активности насочени кон развивање дигитална писменост, безбедно и одговорно користење на технологијата и дигитална благосостојба.
Во текот на септември, под заедничката тема „Вовед во дигиталниот свет и рамнотежа“, беа реализирани четири активности предвидени со програмата на клубот. Табела за програмата со учесници
Златка Панчевска ја реализираше активноста „Мојот дигитален отпечаток и јас“, преку која учениците размислуваа за своите дигитални навики, времето поминато пред екран и трагите што ги оставаат во дигиталниот простор. Преку индивидуална и групна работа тие предлагаа начини за побезбедно и поодговорно користење на технологијата. ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗИРАНА АКТИВНО…
Маја Крстевска ја реализираше активноста „Што е онлајн детокс?“, во која учениците ги препознаваа знаците на прекумерна употреба на технологијата и предлагаа конкретни чекори за воспоставување поздрав баланс меѓу дигиталниот и реалниот живот. ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗИРАНА АКТИВНО…
Љупка Богдановска преку работилницата „Мојот дигитален ден“ ги поттикна учениците да го анализираат времето што го поминуваат со дигиталните уреди. Преку групна работа тие го прикажуваа својот вообичаен ден и размислуваа како подобро да го организираат времето меѓу учење, одмор, физичка активност, дружење и онлајн активности. ИЗВЕШТАЈ
Биљана Антанасова ја реализираше активноста „Мојот дигитален свет – Кои дигитални уреди ги користам и за што?“. Учениците ги идентификуваа дигиталните уреди што ги користат и ги класифицираа своите онлајн активности како учење, игра и комуникација, а преку играта „Дигитален семафор“ ги проверуваа и сопствените дигитални навики. Мојот дигитален свет Мојот дигитален свет.
Со овие активности Дигиталниот клуб ја започна својата работа како практично продолжување на стекнатите искуства од Еразмус+ проектот, овозможувајќи проектните резултати да продолжат да живеат во секојдневната воспитно-образовна работа со учениците.
Продолжуваме и во следните месеци – со нови теми, нови активности и со нашиот „дигитален компас“ насочен кон безбедно, умерено и корисно користење на технологијата. ![]()
![]()
![]()




