Ден на учителот – 5 Октомври

По повод Денот на учителот, членовите на Ученичкиот парламент реализираа интерактивна и креативна работилница исполнета со пораки на благодарност, почит и љубов кон своите учители. ❤️

🌟 Преку „Ѕвезда за најдобриот учител“, „Дрвото на благодарноста“ и креативните пораки, учениците ја искажаа својата благодарност за знаењето, поддршката и инспирацијата што секојдневно ја добиваат.

🌳💐 Ви благодариме, учители, што го правите детството поубаво и училиштето место за растење, учење и создавање убави спомени! ❤️

Среќен Ден на учителот! 👩‍🏫👨‍🏫🌷

Translate »