ДИГИТАЛЕН КЛУБ – активности во септември

Во рамките на одржливоста и продолжувањето на активностите од Еразмус+ проектот „Дигитален компас – со сигурни чекори“, во нашето училиште започна со работа Дигиталниот клуб, преку кој во текот на учебната година наставниците реализираат тематски активности насочени кон развивање дигитална писменост, безбедно и одговорно користење на технологијата и дигитална благосостојба.

Во текот на септември, под заедничката тема „Вовед во дигиталниот свет и рамнотежа“, беа реализирани четири активности предвидени со програмата на клубот. Табела за програмата со учесници

🔹 Златка Панчевска ја реализираше активноста „Мојот дигитален отпечаток и јас“, преку која учениците размислуваа за своите дигитални навики, времето поминато пред екран и трагите што ги оставаат во дигиталниот простор. Преку индивидуална и групна работа тие предлагаа начини за побезбедно и поодговорно користење на технологијата. ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗИРАНА АКТИВНО…

🔹 Маја Крстевска ја реализираше активноста „Што е онлајн детокс?“, во која учениците ги препознаваа знаците на прекумерна употреба на технологијата и предлагаа конкретни чекори за воспоставување поздрав баланс меѓу дигиталниот и реалниот живот. ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗИРАНА АКТИВНО…

🔹 Љупка Богдановска преку работилницата „Мојот дигитален ден“ ги поттикна учениците да го анализираат времето што го поминуваат со дигиталните уреди. Преку групна работа тие го прикажуваа својот вообичаен ден и размислуваа како подобро да го организираат времето меѓу учење, одмор, физичка активност, дружење и онлајн активности. ИЗВЕШТАЈ

🔹 Биљана Антанасова ја реализираше активноста „Мојот дигитален свет – Кои дигитални уреди ги користам и за што?“. Учениците ги идентификуваа дигиталните уреди што ги користат и ги класифицираа своите онлајн активности како учење, игра и комуникација, а преку играта „Дигитален семафор“ ги проверуваа и сопствените дигитални навики. Мојот дигитален свет Мојот дигитален свет.

Со овие активности Дигиталниот клуб ја започна својата работа како практично продолжување на стекнатите искуства од Еразмус+ проектот, овозможувајќи проектните резултати да продолжат да живеат во секојдневната воспитно-образовна работа со учениците.

Продолжуваме и во следните месеци – со нови теми, нови активности и со нашиот „дигитален компас“ насочен кон безбедно, умерено и корисно користење на технологијата. 💻🧭🌱

Translate »