Во нашето училиште се одржа конститутивната седница на Ученичкиот парламент.
На седницата учествуваа избраните претставници на учениците, при што преку тајно гласање беа избрани претседател и заменик-претседател на Ученичкиот парламент, како и ученички претставници во органите и телата на училиштето.
Избрани претставници:
Претседател на Ученичкиот парламент:
Матеа Белобрадиќ – VIII-б одделение
Заменик-претседател:
Лукас Милчевски – VII-б одделение
Претставници во Советот на родители:
• Ангел Стоилевски – V-б одд.
• Теона Димовска – IX-а одд.
Претставници во Училишниот одбор:
• Меланија Ивановска – VI-а одд.
• Кирјана Илиевска – VI-б одд.
Претставници во Наставничкиот совет:
• Јана Трајковска – VIII-а одд.
• Илина Маневска – VIII-б одд.
Изборот беше спроведен во духот на демократијата, одговорноста, транспарентноста и почитувањето на ученичкиот глас.
Ученичкиот парламент претставува важен механизам за активно учество на учениците во училишниот живот, преку кој тие ги застапуваат своите интереси, потреби и иницијативи и придонесуваат кон создавање позитивна, демократска и инклузивна училишна средина.
На состанокот свои предлози дадоа и Училишниот правобранител и неговите заменици. Заедно го градиме и подобруваме училишниот живот!![]()
![]()
![]()
Завршниот збор и припадна на нашата директорката Елизабета Андова посакувајќи им успешна и плодна соработка.
Гласот на учениците е важен!![]()
Заедно до подобро училиште!![]()











