Денес, 30.09.2026 година, учениците од VI до IX одделение, заедно со своите наставници и одделенски раководители, реализираа еколошка активност во училишниот двор и непосредната околина.
Активноста беше реализирана во рамките на Еколошката секција и по иницијатива на ученичкиот парламет со цел да се поттикне свеста кај учениците за значењето на чистата и здрава животна средина, одговорното однесување и грижата за природата. ![]()
Преку собирање отпад, уредување на зелените површини и заедничка грижа за училишниот простор, учениците покажаа дека со малку труд, одговорност и тимска работа можеме да создадеме почиста, поздрава и поубава средина за сите. ![]()
![]()
Да ја чуваме природата – затоа што таа е наш заеднички дом! ![]()
![]()
