ОСНОВАЧКИ СОСТАНОК НА УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ за учебната 2026/2027 година!

Во нашето училиште се одржа конститутивната седница на Ученичкиот парламент.

На седницата учествуваа избраните претставници на учениците, при што преку тајно гласање беа избрани претседател и заменик-претседател на Ученичкиот парламент, како и ученички претставници во органите и телата на училиштето.

🗳️ Избрани претставници:

👑 Претседател на Ученичкиот парламент:

Матеа Белобрадиќ – VIII-б одделение

🤝 Заменик-претседател:

Лукас Милчевски – VII-б одделение

👨‍👩‍👧‍👦 Претставници во Советот на родители:

• Ангел Стоилевски – V-б одд.

• Теона Димовска – IX-а одд.

🏫 Претставници во Училишниот одбор:

• Меланија Ивановска – VI-а одд.

• Кирјана Илиевска – VI-б одд.

📚 Претставници во Наставничкиот совет:

• Јана Трајковска – VIII-а одд.

• Илина Маневска – VIII-б одд.

Изборот беше спроведен во духот на демократијата, одговорноста, транспарентноста и почитувањето на ученичкиот глас.

Ученичкиот парламент претставува важен механизам за активно учество на учениците во училишниот живот, преку кој тие ги застапуваат своите интереси, потреби и иницијативи и придонесуваат кон создавање позитивна, демократска и инклузивна училишна средина.

На состанокот свои предлози дадоа и Училишниот правобранител и неговите заменици. Заедно го градиме и подобруваме училишниот живот!🤝📜📚

Завршниот збор и припадна на нашата директорката Елизабета Андова посакувајќи им успешна и плодна соработка.

🌟 Гласот на учениците е важен!🗃️

🤝 Заедно до подобро училиште!🏫

Translate »