Проект „ Level Up“

Проектот „ Level Up“ e интердисциплинарен проект насочен кон развој на вештини за менталитет на раст кај ученици на возраст од 10 до 14 години. Проектот е дизајниран со примена на техники на гејмификација, со цел да се зголеми мотивацијата и активното учество на учениците во наставниот процес. Преку раскажување приказни, секое ниво од проектот претставува нова авантура со конкретни задачи и предизвици кои учениците треба да ги решат.
Проектот се базира на теоријата за менталитет на раст на Керол Двек, која ја нагласува важноста на истрајноста, љубовта кон учењето и учењето од грешки како клуч за успех и доживотно учење.
Во текот на реализацијата се предвидени разновидни активности: работа на отворено и во училница, импровизирана драма, креативни и практични задачи за решавање проблеми, како и активности кои ја поттикнуваат соработката и критичкото размислување.
Посебен акцент се става на развој на вештини како што се прилагодливост, отпорност, креативност, управување со неуспех и упорност — компетенции кои се неопходни за современото образование и доживотното учење.
Со овој проект, учениците се охрабруваат да размислуваат, истражуваат и да растат преку секој предизвик, градејќи силна основа за нивниот понатамошен образовен и личен развој.

Translate »