Во рамки на проектот Growing Up Together, во нашето училиште се одржа дисеминација и презентација на изработената брошура пред наставници од општинските училишта. Настанот претставуваше можност за споделување на искуства, добри практики и резултати од проектните активности насочени кон поттикнување на соработката, инклузијата и личниот развој на учениците.
Преку презентацијата, присутните наставници се запознаа со содржините на брошурата, активностите реализирани во рамки на проектот и нивната примена во воспитно-образовниот процес. Средбата придонесе за размена на идеи и зајакнување на меѓуучилишната соработка со цел создавање поддржувачка и позитивна средина за раст и развој на учениците.
Благодарност до сите учесници за покажаниот интерес и активното вклучување во дискусијата.







