🔬🧪 НАУКАТА Е НАЈУБАВА КОГА ЈА ДОЖИВУВАМЕ! 🤖✨


Ден исполнет со љубопитност, истражување, експерименти и многу детски насмевки! 💛
Преку интересни практични активности, нашите ученици имаа можност да истражуваат, да набљудуваат, да експериментираат и самостојно да откриваат како функционира светот околу нив. 🧪🌈 Од мали научни експерименти и креативни предизвици, па сè до средба со роботиката 🤖 – секоја активност беше ново искуство и можност за учење преку игра.
Највредно од сè беше да се видат нивната возбуда, љубопитност и желба да пробаат, да поставуваат прашања и да откриваат. ❤️
Голема благодарност до „Наука за деца“ за прекрасното дружење, споделеното знаење и незаборавното научно искуство! 🌟
Затоа што науката не е само нешто што го учиме – науката се истражува, се доживува и се сака!

Translate »