Александра Мирческа – презентер на ELT for Sustainability конференцијата

На 19 септември 2026 година, наставничката по англиски јазик Александра Мирческа од ООУ „Наум Охридски“ учествуваше како презентер на ELT for Sustainability конференцијата, одржана во Скопје.

Во рамките на конференцијата, таа ја реализираше практичната работилница „Stories That Change the World: Using Digital Storytelling to Teach Sustainability in ELT“, посветена на примената на дигиталното раскажување приказни како современ пристап во наставата по англиски јазик.

Преку алатките StoryJumper и Canva for Education, учесниците имаа можност да истражат начини за поврзување на јазичното учење со теми од одржливиот развој, истовремено поттикнувајќи креативност, критичко размислување, соработка и автентична комуникација.

Нејзиното учество како презентер претставува значаен придонес кон професионалната размена на искуства и споделувањето современи наставни практики.

ООУ „Наум Охридски“ со задоволство го истакнува професионалниот ангажман на своите наставници и нивното активно учество во иницијативи кои го унапредуваат квалитетот на воспитно-образовниот процес.

Translate »