На ден 23 11.2018 година (петок) ООУ „Наум Охридски“го реализира своето медиумско претставување во рамките на единствената контактно училишна програма „ЅВОН“.
Целта на гостувањето беше да се претстави училиштето со сите активности, проекти што се реализираат од страна на учениците, наставниците, вработените, родителите и други соработници. Во емисијата учениците настапија со ритмички точки, драматизации, рецитации, мали креативци – ликовни уметници. Имавме деца таленти кои покажаа колку се добри во карате и колку добро умеат да свират на кавал. Меѓу другото нашите ученици покажаа и колку се добри во свирење на флејта и пеење. Во волшебните работилници се работеше на тема ,,Есен,, и овде малите детски раце ги покажаа своите креативни способности. Нашето училиште учествуваше во проектот „Градиме заедничка иднина“ кој е пример за меѓуетничка интеграција од кој треба сите да учиме и овде ги покажаа своите необични креации.
Учениците беа прекрасни во сите изведби и го претставија училиштето во најдобро издание. Голема благодарност до сите кои дадоа придонес за реализација на ова гостување.