Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, во соработка со Атлетската федерација на Македонија, на 11.05.2018 во Куманово се одржа државно првенство во Атлетика за основни училишта во машка и женска конкуренција. Во учество на повеќе од 250 натпреварувачи, нашите ученици Стефан Блажевски IXб одд. и Давид Вељановски IXб одд. учествуваа во дисциплините:100 метри, 300 метри и скок во далечина. Ученикот Стефан Блажевски IXб одд. се закити со двојна круна во следните дисциплини: 1 место – 100 метри и 1 место – скок во далечина.Браво Стефан !!! Честитки за нашите ученици и освоените места на државниот натпревар во атлетика.