Настава во природа

ООУ„Наум Охридски“- Булачани
Општина Гази Баба, Скопје
Телефон/факс: 02 / 2575-946

Време на реализација: 30.04.- 04.05.2018 год.
Место: Струга – Хотел „Арбери“
Носители на активностите: учениците од V одд.
одделенските наставници Каменка Игеска и Оливера Тушевска Столеска
Помошен персонал: доктор, аниматор и водич

Наставата ја посетуваа вкупно 17 ученици.
ПРВ ДЕН
Тргнување во понеделник на 30.04.2018 год. во 08:30 часот од пред училиштето (туристички автобус). Со нас патуваше и медицинско лице кое одговорно и совесно си ги вршеше своите должности во текот на целата настава и патувања како и водич кој не известуваше и запознаваше со сите места, знаменитости кои ги посетивме. Се патуваше преку Тетово (попатно: панорамско набљудување на Шарената џамијата .Беше реализирана и посета на „Изворот на реката Вардар-Вруток“.Набљудување и, разгледување, разговор и восхитување од убавините на изворот.
Пристигнавме и го набљудувавме националниот парк Маврово и Мавровското Езеро. Разговор и восхитување од убавините. Го посетивме и манастирот Рајчица и ни беше објаснато за истиот.

Попатно : панорамско набљудување на Дебарарските езера и хидроцентралите Шпиље и Глабочица
Пристигнавме во Струга во попладневните часови и се сместивме во хотелот „Арбери“.По пристигнувањето во Струга и сместувањето, на учениците им беа дадени насоки во врска со куќниот ред, правилата на однесување, како и задолженија во однос на одржување на личната хигиена, хигиената во објектот и надвор од него.
Потоа се премина кон целосна реализација на содржините од глобалната програма. Активностите и содржините беа реализирани во согласност со програмата, со запазување на термините за посети, патувања, настава, слободни активности, забава и сл. без поголеми отстапувања, при што учениците стекнуваа, ги прошируваа и утврдуваа знаењата.

ВТОР ДЕН
01.05.2018 год.- вторник- Втор ден од престојот во Струга. Денот започна со утринска гимнастика,појадок и подготовки за прошетка во Вевчански извори,старите воденици на Вевчанските извори и двете цркви во Вевчани,а потоа и месноста Калишта каде учениците набљудуваа и сликаа големо природно и историско богатство. Посета на црквата Рожденство на пресвета Богородица место-Калишта.

ТРЕТ ДЕН
02.05.2018 год.- среда – Подготовки и посета на музејот ,,Заливот на коските,, и манастирскиот комплекс ,,Св. Наум,, и селото Трпеица.
Запознавање со музејот и црквата Св. Наум, легендите за настанокот на манастирот и изворот на реката Црни Дрим.На враќање кон Струга го посетивме и селото Трпеица.
По враќањето во одморалиштето учениците имаа настава, средување на впечатоците од посетите.

ЧЕТВРТИ ДЕН
03.05.2018 год.- четврток – Посета на Струга . Прошетка покрај брегот на Охридското езеро,прошетка покрај кејот на реката Црн Дрим, Мост на поезијата, Природно-научен музеј, музеј на браќата Миладиновци.По враќањето во одморалиштето учениците имаа настава, средување на впечатоците од посетите, пишување на извештај.

ПЕТТИ ДЕН
04.05.2018 год.- петок – Последниот ден од престојот беше планиран за подготовки ,напуштање на хотелот и посета на градот Охрид.
Запознавање со градот Охрид, Плаошник, црквата Св. Софија, амфитеатарот, Самоиловата тврдина, пристаништето, Охридската чаршија и куќата на Робевци. Набљудување и, разгледување, разговор и восхитување од убавините на градот Охрид.

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Секое утро учениците пред појадокот имаа утринска гимнастика, а во попладневните часови беа организирани спортски активности.
Во вечерните часови ениматорот им организираше активности од културно-забавниот живот.
Од разговорот со учениците констатиравме дека воспитно образовните цели предвидени со програмата во целост беа реализирани.

Учечко насочени активности-часови за работа
Учениците покажаа голема зрелост, одговорност и сериозност кон поставените цели и активности, што беше олеснување да се реализираат сите предвидени содржини. Сите земаа активно учество во работата (едукативните содржини) и уживаа во прошетките, набљудувањата, спортските и слободните активности, а посебно во културно-забавната вечерна програма. Она што треба да се напомене е другарувањето на учениците и нивната сплотеност, со што беа надминати социјалните, етничките и друг вид бариери.

Изработиле: одговорни наставници за реализација на наставата во природа

Оливера Тушевска Столеска Каменка Игеска
Одделенски наставник Vа с.Булачани Одделенски наставник Vб с.Црешево