Во рамките на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ во рамки на компонентата „Вклучување на семејството и заедницата“, која има за цел да го подигне интересот кон читањето и математиката кај најмладите ученици и да ја вклучи целата заедница во овие активности со децата, нашето училиште го посети „Библиотеката на тркала“. „Библиотеката на тркала“ претставува специјално пренаменето возило, опремено со книги и дидактички материјали за читање и математика.